Connect with us

Фудбал

Роналдо за прв пат по 12 години ќе заврши сезона без ниту еден трофеј (ФОТО)

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа пораз од Атлетико Мадрид на домашен терен со 0:1, па ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека на првиот меч беше 1:1.

Со елиминацијата, Кристијано Роналдо за прв пат по 12 години ќе заврши една сезона без ниту еден трофеј. Почнувајќи од 2010/2011 најнапред со Реал Мадрид неколку години по ред, а потоа со Јувентус, секогаш освојувал барем по еден пехар. Последен пат со Реал Мадрид во 2009-та не освоил ништо во една сезона и сега со Манчестер Јунајтед. Освен во ЛШ, Манчестер Јунајтед е далеку во битката за титулата во Англија, а секако во домашните Купови нема да игра. До крајот на сезоната само ќе се бори со Јунајтед да обезбеди барем место за пласман во ЛШ следната сезона. Во моментов „Црвените ѓаволи“ се на петто место со 50 бодови.