Кошарка
Рондо не сака да го обнови договорот со Лејкерс
Лос Анџелес, 15 октомври 2020 (МИА) – Плејмејкерот Раџон Рондо сака да стане слободен играч. Според „Basketball News“ 34-годишниот Американец ќе ја одбие опцијата за продолжување на договорот со „езерџиите“.
Кошаркарот очекува да добие подобра зделка. Според сегашниот договор, тој ќе заработуваше 2,96 милиони американски долари ако му беше продолжен работниот однос со Лејкерс.
Во сезоната 2019/20, Рондо настапи на 48 натпревари, постигнувајќи просечно 7,1 поен по натпревар. зс/