Connect with us

Фудбал

Ругани го заразил својот соиграч, ѕвезда на Јувентус позитивен на Ковид-19?!

Даниеле Ругани е првиот играч од Серие А кој имаше позитивен тест на коронвирус. Набрзо беше објавено дека Јувентус во карантин става 121 член на својот екипаж. Потоа беше потврдено дека и Габиадини од Сампдорија има Ковид-19.

Но, доцна синоќа одредени аргентински и италијански медиуми објавија дека позитивен на коронавирус бил и Паоло Дибала. Сепак, ова не е потврдено ниту од Јувентус, ниту од самиот играч. Во претходните случаи клубовите со официјални соопштение ги потврдуваа случаите, но и самите играчи, а сега не е така.

Тоа значи дека оваа информација, барем до официјална потврда треба да се земе со резерва.