Connect with us

Фудбал

Румениге го премислува Коман

Раководните лица на Баерн (М) веќе почнаа да го убедуваат офанзивниот играч за врска, Кингсли Коман, да не става крај на играчката кариера. Французинот пред неколку дена изјави дека при нова повреда ќе ја прекине својата кариера.

  • Имам разбирање за него. За жал првата повреда го чинеше местото во составот на Франција на Светското првенство, каде тој требаше да учествува и сега ќе беше светски шампион. Но, и покрај тоа ќе му кажам да не мисли на крај на кариерата при нова повреда. Ние имаме добри лекари и физиотерапевти. Тој е важен играч за нас и посебно Роберт Левандовски ќе извлече многу бенефиции од присуството на Кингсли на теренот, изјави извршниот директор Карл-Хајнц Румениге.