Connect with us

Фудбал

Руни е реален, но навивачите на Евертон не можат да му простат

И во Англија топката митува, а многумина сметаат дека првенството нема да продолжи и титулата треба да му се даде на Ливерпул.

Истото мислење го дели и легендарниот Вејн Руни, денес член на Дерби Каунти.

Навивачите на Евертон мислат дека првенството треба да се откаже, но тоа не треба да не изненадува со оглед на ривалството со Ливерпул.

Руни зборуваше отворено на оваа тема.

„Навивачите на Евертон ми се јавуваат и велат дека сезоната треба да се откаже. Мислам дека не е фер, бидејќи шампион треба да биде Ливерпул. Јас го велам тоа како поранешен играч на Евертон и Ман. Унтеид. Сезоната треба да заврши, дури и по цена на губење на дел од следната“, рече Руни.

Имаше и опција да се играат натпревари без навивачи до крајот на првенството. Ова изгледа нелогично за Руни и во никој случај не е опција.

„Тоа би било неприфатливо. Повторно, лекарите, полицијата ќе дојдоа на стадионот, а сега најмногу ни требаат“.

Во моментов Ливерпул е на првото место пред Ман. Сити има дури 25 поени предност.