Connect with us

Фудбал

Руни е ставен под сериозен притисок во Бирмингем

Вејн Руни вети дека ќе се бори за својата иднина како менаџер на Бирмингем Сити, но инсистираше на тоа дека неговата екипа има потреба од нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Бирмингем е 20-ти во Чемпионшип, само две места над зоната за испаѓање. 38-годишниот Руни победи само на два од неговите 15 натпревари на чело, серија на резултати со кои Бирмингем премина од кандидат за плеј-оф во кандидат за испаѓање.

Новите сопственици на клубот од Чемпионшип го отпуштија претходникот на Руни, Џон Еустас во октомври и покрај импресивниот почеток на сезоната, наведувајќи ја потребата од „победнички менталитет“ и „култура на амбиција“.

„Секако дека ќе продолжам, јас сум борец. Разбирам дека фудбалот е прашање на мислења. Очигледно дека сум разговарал со сопствениците. Тоа е лично меѓу мене и сопствениците. Мислам дека е јасно дека ни требаат некои играчи. “, рече тој Руни.

Advertisement