Connect with us

Фудбал

Руни го избра фаворит на Мундијалот: Климата ќе им одговара

Светското првенство во Катар започнува во недела со натпреварот меѓу домаќините и Еквадор. Бројни тренери, играчи, експерти и коментатори во изминатите неколку дена ги открија своите фаворити, а истото го направи и пензионираниот англиски репрезентативец Вејн Руни во интервју за „Тајмс“.

„Аргентина е фаворит за мене. За разлика од 2018 година, тие имаат многу добри, солидни играчи околу Лионел Меси како Лаутаро Мартинез, Леандро Паредес, Родриго Де Пол и, се разбира, Анхел Ди Марија. Освојувањето на Копа Америка минатата година ќе им даде самодоверба и ќе го тргне притисокот од нив. Ќе им одговара и климата. Ним им треба само деветка, вистински напаѓач, но мислам дека ќе бидат опасни“, изјави Руни.

„Реков дека Меси е најдобар“

Тој одговори на прашањето дали Меси ќе стане најдобар играч на сите времиња со освојување на Светското првенство.

„Сите имаат различно мислење за Меси и Роналдо, но јас многу пати сум кажал дека мислам дека Меси е најдобар“, изјави Меси.

„Гледав многу снимки од Диего Марадона, кој беше сличен играч, но Меси е подобар. Тој има се, додека Роналдо е повеќе стрелец. Би било одлична приказна доколку Меси или Роналдо го освојат Светското првенство. слушнав дека некои аргентински играчи сакаат да победат за Меси. Тоа е лудо и може да го зголеми притисокот“, смета Руни.