Connect with us

Фудбал

Руни пред нов ангажман

Легендарниот Вејн Руни очигледно ќе се врати во МЛС, но сега како тренер.

Како што пренесуваат странските медиуми, договорот е веќе готов и Руни ќе го преземе ДЦ Јунајтед.

Руни играше за овој клуб од 2018 до 2022 година и на 52 натпревари постигна 25 гола и додаде 14 асистенции.

Руни неодамна го напушти Дерби Каунти, односно поднесе оставка.

Со клубот испадна во трета лига и им порача на клупските челници дека подобро е да најдат нова енергија.

За потсетување, Вејн Руни порасна како играч во Евертон, каде ги помина сите младински категории, додека во 2004 година не се пресели во Манчестер Јунајтед.

Во летото 2017 година се врати во овој клуб и остана една сезона, пред да замине во ДЦ Јунајтед во САД, од каде се пресели во Дерби каде ја заврши кариерата.

Таму каде што заврши играњето, таму ја започна својата тренерска кариера.