Фудбал
Русија ќе остане без Лига на шампиони, финалето се преместува
Годинешното финале во ЛШ е планирано да се игра во Санкт Петерсбург. Сепак, поради се поголемите тензии на релација Русија и Украина и поради се поголемите апели од западните земји до своите граѓани да не патуваат во овие држави, можно е да дојде до промена. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон синоќа изјави дека нема шанси Русија да организира големи фудбалски настани во овој период. Официјалниот став на УЕФА е дека засега нема промена, но ситуацијата внимателно се следи. Една од опциите е финалето да се игра на „Вембли“.