Connect with us

Фудбал

Русија потврди, сопственикот на Челзи, Абрамович учествувал во преговорите со Украина

Иако уште на почетокот светските медиуми објавија дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович учествувал во организација на преговори помеѓу Русија и Украина, сепак официјална потврда немаше. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за прв пат ги потврди ваквите информации.

– Тој навистина учествуваше во почетната фаза од преговорите. Сега се водат преговори меѓу двете преговарачки страни – Русија и Украина – рече Песков.

Инаку, Британската влада го заплени имотот на Абрамович, му ги блокираше сите сметки, меѓу кои и онаа на Челзи, па Абрамович реши да го продаде клубот. Со оглед на тоа дека му е суспендирана британската виза, Абрамович во моментов е во Тел Авив, Израел.