Connect with us

Фудбал

Русин постигна гол во стилот на Меси, но не сакаше да го прослави, поради руската инвазија врз Украина (ВИДЕО)

Аталанта ја разби Сампдорија синоќа со 4:0 и продолжува со битката за пласман во ЛШ. Еден од тие голови постигна рускиот интернационалец Миранчук, кој погоди во стилот на Меси. Сепак, тој не сакаше да го прослави голот. Само ги крена рацете, а подоцна италијанските медиуми пишуваа дека ваквата негова реакција е поради украинските жртви и инвазијата на Русија врз Украина.

Миранчук припаѓа на тој дел на Русија, а има многу такви кои не се согласуваат со режимот на рускиот претседател Владимир Путин и кои едноставно не прифаќаат војската на нивната земја да убива луѓе во соседната земја. Во меѓувреме, додека руската инвазија продолжува, а првите преговори не беа продуктивни, на Русите им се воведуваат санкции на сите полиња, вклучително и спортот.