Connect with us

Тајмаут

Русинка со ангелско лице, ама тело од кое се плашат мажите (ФОТО)

Владислава Галаган е руска бодибилдерка која живее и работи во Прага, а пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието бидејќи и беа украдени видеата и фотографиите на кои е целосно гола. Почнаа да кружат по социјалните мрежи и на интернет, но и пред тоа убавата бринета редовно беше мета на разни коментари.

View this post on Instagram

A post shared by Vladislava Galagan (@vladigalagan)

Имено, оваа Русинка е исклучително популарна на социјалните мрежи – само на Инстаграм ја следат над 1,7 милиони луѓе, но токму оваа слава ја изложи на бројни осуди и негативни коментари. Владислава е многу убава девојка со нежни црти на лицето, па малкумина очекуваат од неа да има физичка конституција која повеќе одговара на машката. Таа е страсна за бодибилдинг, а тоа  даде резултати – има огромни бицепси, челични стомачни мускули, широки раменици, истакнати мускули на нозете…

Поради својата специфична фигура, таа дури го доби и прекарот Хулк, а додека многумина се импресионирани од нејзината фигура, други веруваат дека таа едноставно претерала и ја „убива“ својата женственост.

„Не разбирам како некој здрав ум би си го направил ова“, „Убава девојка, барем додека не го видиш нејзиното тело“, „Зошто реши да станеш маж, тоа ме плаши“, „Ова е само премногу“, „Срамота е што има толку многу убава жена што избрала да изгледа како маж“, „Лице на ангел, тело на ѓавол“, се само дел од коментарите на нејзината сметка. Секако, има и многу кои тврдат дека таа е „најубавата жена“.