Други спортови
Руска пливачка брутално убиена од своето момче
Шеснаесетгодшната руска олимписка надеж во пливање, Сафија Аскарова, е брутално убиена од страна на нејзиното момче Никита Малигин, кој исто така е пливач. Причина за глозоморното убиство била нивната разделба, кога Сафија решила да го напушти.

Младата спортистка наводно одлучила максимално да се фокусира на спортската кариера, се со цел да ги оствари своите соништа и да стане олимписка шампионка.
Мелигин не можел да поднесе дека го оставила, бил убеден дека си пронашла ново момче. па решил крвнички да и се одмазди. Земал нож и брутално ја избодел по телото и вратот. Несреќната девојка имала над 30 убоди на себе.
Во шокантното сценарио од злосторството, Малигин признал дека ја убил, а тврдел дека му рекла да „оди во пеколот“ кога ја молел да не се разделуваат. Тој им признал на детективите дека ја загубил контролата.
- Извадив нож. Тешко можам да се сетам каде ја забодев. Се сеќавам дека по убодот падна на земја. Се обидуваше да побегне, па продолжив да ја бодам со ножот. Го испуштив ножот некаде во близина. Не сфатив што направив, дури на пат кон домот се освестив, призна монструмот.
Младата пливачка важеше за голема надеж во руското пливање, беше втора на шампионатот за млади во Русија минатата година и неодамна беше резерва на светскиот турнир во сениорска конкуренција. Исто така, таа беше дел и од Олимписката спортска гимназија како и нејзиниот дечко.