Connect with us

Кошарка

Рускиот гигант преку ноќ остана без тим, странците заминуваат поради инвазијата врз Украина

Рускиот кошаркарски тим ЦСКА Москва, еден од најголемите во Европа во овој спорт, преку ноќ остана без тим. Имено, странците кои настапуваат во оваа екипа, поради руската инвазија врз Украина одлучија да го напуштат тимот.

Се работи за Грузиец, Швеѓанец, Литванец и Германец, односно за Торник Шенгелија, Ифе Лундберг, Мариуш Григонис и Јоханес Фојтман. Информацијата ја потврди и ЦСКА Москва.