Connect with us

Фудбал

Рускиот олигарх Роман Абрамович го продава Челзи, веќе ја одредил цената!?

Абрамович, кој пред неколку дена го предаде управувањето со клубот на добротворната организација на Челзи, сака да инкасира 3 милијарди фунти.

Лондонскиот клуб смета дека е најдобро да го продаде Челзи на некој од американските тајкуни, додека сериозен интерес покажал и швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис.

Се верува дека американската Комерцијална банка е задолжена за продажбата, а Абрамович наводно веќе одбил понуда од 2,2 милијарди фунти.

Вајс призна дека добил понуда да го купи тимот, а покрај него понудата била упатена и до уште неколку потенцијални инвеститори.

Абрамович дојде на кормилото на Челзи во 2003 година и оттогаш го направи овој клуб еден од најголемите во светот.

Поради огромните санкции кон руските граѓани по рускиот напад на Украина, Абрамович беше принуден да го продаде својот имот во Велика Британија.