Connect with us

Други спортови

Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Чинвен Женг од Кина во финалето на Австралија Опен 2024.

Мечот што траеше 1 час и 15 минути заврши со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.

Вториот светски рекет Сабаленка сервираше три аса, не направи ниту една двојна грешка и реализираше три брејк топки од шест можности. Кинеската имаше по шест аса и двојни грешки и ниту една конвертирана брејк-топка од три шанси.

Сабаленка ја одбрани минатогодишната титула на Австралија опен. Дваесет и петгодишната Белорусинка стана двократен победник на Грен слем турнирите.

Вкупниот награден фонд годинава на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.

Во машкото финале утре ќе играат Јаник Синер од Италија и Данил Медведев од Русија.