Connect with us

Други спортови

Сакам да им ја отежнам работата на помладите

Најдобриот снукер играч, Рони О’Саливен, во неделата испиша нова страница во историјата на овој спорт, но тој тука нема намера да застане.

Популарниот Ракета откри дека сака уште големи титули, а воедно посакува да направи разлика во рекордите пред доаѓањето на новите шампиони. Рони во неделата по седми пат го освои шампионатот во Велика Британија, победувајќи го во финалето Марк Ален до 10:6 во фрејмови.

  • Освоив многу турнири во кариерата. Никогаш не сум размислувал за пензија, секогаш ми беше главата горе за продолжување на кариерата. Соборувањето на рекорди е одлична работа, а сега сакам да направам разлика со која ќе им ја отежнам работата на младите момци кои ќе сакаат да дојдат на мое место. Можеби ќе бидам мртов пред некој да ми го собори рекордот, истакна О’Саливен.