Connect with us

Кошарка

Сакраменто Кингс ја совлада Индијана, Сабонис блескаше

Екипата на Сакраменто Кингс победи со 133:122 на гостувањето кај Индијана Пејсерс во натпревар од регуларниот дел од сезоната на Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).

Натпреварот ќе остане запаметен по постигнувањето на Домантас Сабонис. Литванецот имаше дабл-дабл рекорден 30-ти натпревар по ред, постигнувајќи 26 поени и симнувајќи 12 скока во победата за Сакраменто. Четворица кошаркари на Кингс постигнаа најмалку 22 поени.

Сепак, најпродуктивен на средбата беше Бенедикт Матерон од тимот на Индијана, кој постигна 31 поен, забележа 5 скока и 4 асистенции.

Домаќините водеа со бод на крајот од првото полувреме, но иницијативата отиде кај гостинскиот тим, кој во еден момент од вториот дел поведе со 11 разлика.

Со 28 победи и 19 порази, Кингс се шести во Западната конференција и досега се пласираа во плеј-офот.

Останатите резултатите од НБА:

Вашингтон Визардс – Мајами Хит 102:110

Детроит Пистонс – ЛА Клиперс 125:136

Атланта Хокс – Феникс Санс 129:120

Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 113:114

Оклахома Сити Тандер – Шарлот Хорнетс 126:106

Минесота Тимбервулвс – Орландо Меџик 106:108

Мемфис Гризлис – Голден Стејт Вориорс 101:121

Хјустон Рокетс – Торонто Репторс 135:106

Денвер Нагетс – Портланд Трејл Блејзерс 120:108.

Advertisement