Connect with us

Фудбал

Салах доби понуда која не се одбива, станува најплатен во Премиер лигата

Мухамед Салах игра во одлична форма веќе неколку сезони во дресот на Ливерпул, а воедно е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Имаше најави дека тој ќе замине по завршувањето на сезоната, но сепак се чини дека Ливерпул не планира да го пушти туку-така.

Салах има договор до 2023 година, но „ЕСПН“ пишува дека Ливерпул е спремен да го направи најплатениот играч во историјата на англиската Премиер лига.

„Црвените“ се спремни да му понудат плата од 592.000 евра неделно, односно 31 милион евра годишно, па така Салах ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.

Реклама

Facebook

Реклама