Фудбал
Салах го води Египет до перфекција во групата од Афкон
Репрезентацијата на Египет ја победи Уганда со 2:0 во третото коло од А групата на Африканскиот куп на нации и само потврди дека е еден од главните фаворити за златото на континенталниот шампионат. Првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах покажува дека е вистински лидер. Напаѓачот на Ливерпул погоди во 36 минута за водство на Египет, а триумфот го потврди Елмохамеди пред крајот на првото полувреме.
Египет во групната фаза завршува со максимални 9 бодови и тоа без ниту еден примен гол. Уганда и покрај поразот, го задржа второто место во групата и сигурно ќе игра во нокаут фазата.
Најубедливата победа во досегашниот дел од Афкон ја забележа ДР Конго во дуелот против Зимбабве. Конго даде по два гола во двете полувремиња, за убедливи 4:0 и обезбедување на третото место, кое може да им донесе влез во следната фаза.