Connect with us

Фудбал

„Салах мора да престане да се обидува да биде како Меси и Роналдо“

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Емил Хески, изјави дека Мохамед Салах се обидува премногу оваа сезона да биде како Меси и Роналдо, во надеж дека ќе го достигне тоа ниво.

По трансферот од Рома во летото 2017 година, Салах ја уживаше извонредната прва сезона во Ливерпул, во која постигна 44 гола во 52 натпревари.

26-годишниот Египќанец освои бројни индивидуални награди и беше рангиран заедно со Меси и Роналдо во таа сезона.

Покрај тоа што има постигнато 20 гола во 41 натпревар оваа сезона, Салах не оди според планираното како што беше во претходната сезона откако не успеа да постигне гол во последните седум натпревари за Ливерпул.

Ова доведе до загриженост во врска со форма на египетскиот репрезентативци, а Хески смета дека тоа претставува ризик за тимот на Ливерпул бидејки премногу се труди неговото име да се најде на листата на стрелци, а не се труди за тоа дали неговиот тиме ќе дојде до победа.

„Тој се уште има 17 гола во Премиер Лигата, така што нема толку лоша сезона, но веројатно премногу се труди да биде како Меси и Роналдо“, рече Хески.

„Тој се уште размислува за минатата сезона, кога ги постигнуваше сите тие голови, кога самодовербата му беше на високо ниво и кога речиси се што шутна кон голот заврши во мрежата“, додаде Хески.

„Сега не постои таква среќа, но тој се уште сака да постигнува голови и сите се уште гледаат во него како во некој кој се очекува да се постигне гол“, продолжи Хески.

„Мора да се сети дека во минатата сезона го сместивме во ист контекст со Меси и Роналдо, па веројатно тоа и му се врти во главата и сака да постигнува голови како што тоа го прават тие“, заклучи поранешниот напаѓач на Ливерпул.