Connect with us

Фудбал

Салах пред дербито со ПСЖ зборуваше за наводниот конфликт со Мане

Веќе во првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите не очекува големо дерби на Енфилд каде екипата на Ливерпул ќе го пречека ПСЖ.

Минатогодишниот финалист сака да продолжи со добрата игра во нај елитното клупско натпреварување, но јасно е дека нема да им биде лесно против шампионот на Франција. Секако, најмногу се очекува од Мохамед Салах, Саидо Мане и Роберто Фирмино.

Сепак, во последно време се повеќе се шпекулира дека ова трио повеќе не функционира најдобро. Наводно, Салах и Мане повеќе не се во толку добри односи, но Египќанецот реши да го демантира тоа пред утрешниот натпревар против ПСЖ.

„Единствената вистина од тоа што се пишува е тоа дека ние сме вистински пријатели. Многу разговараме од првиот ден и се дружиме. Ние тројца после секој натпревар седиме во соблекувалната и разговараме за тоа што треба да направиме за да биде уште подобро. Помеѓу нас владее солидарност и не ни е важно кој ќе даде повеќе голови“ рече Салах.