Connect with us

Фудбал

Салихамиџиќ и Баерн го провоцираат Ливерпул

Судејќи по се, не очекуваме уште едно турбулентно лето што се однесува на трансферите, и како што стојат работите на пазарот, Баерн ќе биде многу активен.

Германскиот шампион може да направи мала промена во екипата со доаѓањето на новиот тренер, Нико Коваќ. Исто така, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој е задолжен за трансферите, веќе почна да составува листа на играчи кои се интересни за „Баварците“.

Според германските медиуми, Баерн на оваа листа го стави и фудбалерот на Лион, Набила Фекир, за кој Ливерпул овие денови со сите сили се бори да го донесе. Наводно, Фекир  е на списокот на играчи кои Баерн ќе се обиде да ги донесе ова лето, а овој играч го гледа како замена за искусните играчи како Робен и Рибери.

Баерн веќе има многу добри односи со Лион со кого тие соработуваа и минатото лето, за трансферот на Толисо.

Исто така, на Фекир може да му се отвори место во тимот поради вестите кои стигаат од Минхен, дека на трансфер листата се наоѓаат Тиаго Алкантара, Артуро Видал и Хуан Бернат.