Connect with us

Фудбал

Салихамиџиќ испрати понуда до Барселона која не се одбива

Тиаго Алкантара е на мета на Барселона, од каде пред неколку години пристигна во Баерн Минхен.

„Каталонскиот“ клуб е заинтересира за да го врати во своите редови фудбалерот кој потекнува од Камп Ноу, и добија позитивен одговор од Минхен. Баерн е подготвен  да го пушти Тиаго да се врати во Барселона, но под еден услов.

Имено, Салихамиџиќ и челниците на Баерн веќе некое време се во контакт со челниците на Барселона, кои биде подготвени да платат околу 65 милиони евра за Тиаго. Сепак, од „Баварскиот“ клуб стигна нова идеја, затоа што Баерн покажа интерес за еден од фудбалерите на Барселона.

Како што пренесуваат германските медиуми, до Баерн ќе го пушти Тиаго за 50 милиони евра, но во спротивен правец да дојде Лукас Дигне. Тоа не би требало да биде проблем за Барселона која веќе го стави Францускиот фудбалер на трансфер листата за ова лето.

Тиаго Алкантара веќе се наоѓа на трансфер листата на Баерн за летниот преоден рок, а покрај него „Баварците“ се подготвени да ги продадат и Артуро Видал, Хуан Бернат и Жером Боатенг.