Поврзи се со нас

Фудбал

Салцбург потврди: Собослаи заминува во јануари

Унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи е еден од најбараните млади и талентирани играчи на пазарот.

Овој офанзивен играч за врска минатата година беше близу до трансфер во Милан, но со заминувањето на Звонимир Бобан, договорот пропадна. Сега, покрај Милан, за Унгарецот се интересираат и Реал Мадрид и Арсенал.

Од Салцбург знаат дека нема да има можност да го задржат, а тренерот на австрискиот шампион потврди дека играчот ќе замине во јануари.

„Реалноста е дека играч како него ќе има што да понуди оваа зима. Тој е неверојатен талент и ќе го кажам следново, кога тренираш млади играчи, мора да ги сакаш и да го сакаш фактот дека тие ќе одат и ќе го сакаат фактот дека ќе имаат одлични можности да се докажат и покажат колку се добри“, рече тренерот Џеси Марш.

Овој 20-годишник оваа сезона одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет погодоци со девет асистенции.

loading...

Facebook