Connect with us

Тајмаут

Само 30 примероци има во целиот свет, Нејмар си купи часовник кој вреди богатство!

Поради големите примања кои ги имаат фудбалерите, се понормално е на социјалните мрежи да ги прикажуваат најновите моди. Супер спортски автомобили, големи куќи или скап накит се дел од подароците кои славните личности си ги подаруваат во секојдневниот живот. Последен тоа го направи бразилскиот ас Нејмар.

За да го заврши својот одмор на најдобар начин, Нејмар ја збогати својата колекција на луксузни часовници со модел на Ричард Мил, пишува Мундо Депортиво.

Бразилската ѕвезда купи луксузен Ричард Мил 68-01 Сирил Конго вреден 1,5 милиони евра. Станува збор за ексклузивна копија од која има само 30 примероци во светот.