Connect with us

Фудбал

Само што доби отказ, ја доби првата понуда, Тухел кај Мурињо, Гвардиола, Анчелоти?!

Томас Тухел, како што е познато не е повеќе тренер на ПСЖ. Му „пресуди“ се чини контроверзното интервју за германски медиум, иако тој се обиде да се „испере“ и велејќи дека не зборувал ништо за политиката, туку било шега и имало лош превод.

Сепак, како и да е, тој е веќе поранешен. Но, не треба да се грижи. Доколку може да се верува, веќе ја добил првата понуда. Наводно го контактирале од Арсенал, тим на кој му оди многу лошо, а очигледно е дека Микел Артета нема сили да се справи со лошите резултати.

Сепак, останува да се види дали Тухел ќе се одлучи да седне на клупата на Арсенал и да се натпреварува против Гвардиола, Мурињо, Анчелоти, или ќе одлучи да се одмори малку.