Фудбал
Само вакцинирани навивачи на Мундијалот, за другите нема влез
Катар најавил дека ќе купи еден милион дози на вакцини кои ќе бидат исклучиво за потребите на СП, во најголем дел за навивачите кои ќе планираат да дојдат на фудбалскиот фестивал.
“Кога ќе дојде датумот за Светскиот куп на ФИФА во Катар повеќето земји ќе ги имаат вакцинирано своите граѓани. Ако постои можност некои земји да не успеат да ги вакцинираат сите свои граѓани Катар нема да дозволи фановите да влезат на стадионите без да бидат целосно вакцинирани против Ковид19“, рече катарскиот премиер.
СП во Катар треба да почне на 21 ноември идната година и ќе трае до 18 декември.
Инаку од почетокот на пандемијата со коронавирус во оваа земја забележани се 220.800 случаи на зараза од ковид-19, а починале 585 пациенти.