Connect with us

Тајмаут

Само земјиштето чинеше осум милиони евра: Погледнете каква вила градат Роналдо и Георгина, се враќаат во Поргуалија (ФОТО)

Кристијано Роналдо е свесен дека крајот на неговата играчка кариера е многу блиску и веќе некое време размислува што ќе прави кога ќе ги закачи копачките на клин, а очигледно веќе има некакви планови.

Англиските медиуми вчера објавија дека Роналдо веќе направил поголем дел од плановите за крајот на кариерата. Сепак, се очекува Португалецот да го видиме на сцената уште неколку сезони, но тој едноставно сака да биде подготвен на се. Речиси сигурно Роналдо по завршувањето на кариерата со семејството ќе се врати во Португалија, каде сака да живее во иднина.

Неодамна купил земјиште во Квинта де Мариња, лоцирана на португалската ривиера, а Роналдо и Георгина сакаат нивната база да биде таму откако тој ќе се пензионира еден ден.

Роналдо само за земјиштето издвоил повеќе од осум милиони евра, а неодамна почнал да работи на луксузна вила во која ќе живее со семејството.

Медиумите во Португалија излегоа и со фотографии како треба да изгледа луксузната вила на Роналдо. Јасно е дека Роналдо и Георгина сакаат да имаат се што им треба во куќата, а според првите фотографии таа зграда ќе биде навистина спектакуларна.

Станува збор за проект од модерна архитектура, а вилата ќе биде со вкупна површина од 1100 м2. Сите спални соби ќе имаат поглед на море, а исто така ќе имаат и огромна гаража во која ќе се сместат сите автомобили на Роналдо. Исто така, ќе биде опремен со лифт, греење, клима уред и соларни панели. Ќе има и надворешен базен, мало фудбалско игралиште и игралиште за неговите деца.

Facebook