Фудбал
Санчес го најави заминувањето од Баерн: Тука не сум среќен
После две годишниот спор како со Баерн така и со позајмувањето во позајмувањето во Свонси, младиот Ренато Санчес оваа сезона имаше неколку светли моменти во дресот на баварскиот великан.
Сепак, тоа не беше доволно за овој 21-годишен Португалец да стане дел од првиот тим на Баерн, а по се изгледа дека недостатокот на минутажа би можело да го „избрка“ од „Алианц Арена“.
Договорот на Санчес со Баерн важи до 2021. година, а оваа сезона одигра 21 натпревар за актуелниот шампион на Германија, но повеќе од половина час помина само на седум натпревари.
Сега одлучи отворено да зборува за својот проблем.
„Не сум среќен овде. Напорно работам, а не играм… Сега морам да размислам и да одлучам што е најдобро за мене. Сакам повеќе да играм, можеби во некој друг клуб. Морам да мислам за тоа“, изјави Санчес.
Инаку, Ренато Санчес во Баерн пристигна во 2016. година од Бенфика како еден од најголемите таленти во светот. За него беа издвоени 35 милиони евра, но се уште не ја оправда инвестираната сума.