Connect with us

Фудбал

Санчо го посрамоти Милнер, а потоа ја затресе мрежата на Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед поведе со 1:0 против Ливерпул во дербито од 3.коло на англиската Премиер лига.

По два последователни порази Јунајтед е под притисок и во најлош момент гостува еден од најдобрите тимови во Европа.

Сепак, тимот предводен од Ерик тен Хаг вечерва се истакнува, барем во овие 20 минути.

Фудбалерите на домашната екипа одиграа брилијантно, создадоа неколку опасни ситуации пред голот на Алисон, а во 16. минута Џејдон Санчо на асистенција на Еланга погоди за 1:0.

Санчо ја прими топката во шеснаесетникот на гостите, а потоа брилијантно го исфрли Џејмс Милнер и ја смести топката во мрежата.

Фрустрираниот Милнер прилично му се развика на Вирџил ван Дијк, кого го смета за виновен за примениот гол.