Connect with us

Фудбал

Санчо на лето го напушта Дортмунд и веќе знае за кој клуб сака да игра

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо го привлече интересот на многу европски клубови со одличните игри во Борусија Дортмунд.

Овој 19-годишен фудбалер пристигна во Дортмунд летото 2017 година од Манчестер Сити за само осум милиони евра. Тој воодушеви многумина со своите игри и се шпекулира дека сигурно ќе го напушти германскиот клуб на крајот на сезоната.

Санчо има договор со Дортмунд до летото 2022 година, а неодамна ја одби опцијата за продолжување на соработката. Наводно, тој сака да се врати во Англија и тоа ќе биде негова главна цел за летото.

Од Дортмунд рекоа дека сакаат да го задржат, но тие сигурно нема да му предизвикаат проблеми во случај на понуда што ќе ги задоволи нивните апетити. Со оглед на тоа што го доведоа со „само“ осум милиони евра, се очекува неговиот трансфер да биде над 80 милиони евра.

Одамна се шпекулира дека Манчестер Јунајтед покажа најголем интерес за него, но како што стојат работите, тој не сака да оди на „Театарот на соништата“. Англиските медиуми денес пишуваат дека тој би сакал да се пресели во Челзи.

Санчо е свесен дека во Челси ќе биде првата ѕвезда на тимот и таму ќе може да го покаже својот квалитет. Но, дали „Плавите“ ќе можат да соберат скоро 100 милиони за него останува да се види.