Connect with us

Фудбал

Сари на чекор до рекорд во Челзи

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари успеа да ја препороди екипата на Челзи.

Сари летово го презеде Челзи откако Антонио Конте доби отказ после ужасната сезона, а екипата сега изгледа потполно поинаку.

Интересон е тоа што, Сари е третиот тренер во историјата на Челзи кој успеа да остане непоразен во првите осум кола од Премиер лигата. Пред него тоа го направиа Жозе Мурињо и Филипе Сколари.

Значи, доколку во наредниот натпревар против Јунајтед на домашен терен Челзи остане непоразен, Маурицио Сари ќе биде првиот тренер во историјата на клубот кој на своите први девет натпревари во Премиер лигата ќе остане непоразен.