Connect with us

Фудбал

Сари: Не знаев ништо за доаѓањето на Пулишиќ

Тренерот на Челзи Маурицио Сари кажа дека воопшто не знаел ништо во врска со доаѓањето на Кристијан Пулишиќ во овој клуб пред оваа информација официјално да биде објавена.

За потсетување, Американецот вчера и официјално стана нов фудбалер на „Плавите“ од Лондон, ан трансферот ги чинеше 58 милиони фунти.

Сепак, тренерот на Челзи воопшто не знаеше ништо за ова, па со ова уште еднаш се потврдува дека тој воопшто нема влијание кога се во прашање трансферите, слично како и неговиот претходник Конте.

„Не знаев ништо за доаѓањето на Пулишиќ пред тоа да биде официјално.“, рече Сари за „BBC“ по ремито со Саутемптон па додаде:

„Ме прашаа за мислење за него пред месец дена. Им дадов позитивно мислење и денеска дознав дека договорот е постигнат, но сепак изминативе денови немав поим за тоа. Не сум задолжен за трансфер пазарот, така да морам да се фокусирам на само на натпреварите кои се играат на секои три денови. Можам само да го кажам моето мислење“, додаде Италјанецот

Поради сличен проблем во конфликт со управата беше и неговиот претходник Антонио Конте затоа што не му исполниа некои желби кога се во прашање трансферите. Ќе видиме како со ваквата ситуација ќе се носи Сари.