Фудбал
Сасуоло го совлада Интер и направи нешто што во Италија не е видено 66 години (ФОТО)
Сасуоло како гостин синоќа го совлада Интер со 0:2. Со ова овој тим израмни рекорд стар 66 години. Имено, во иста сезона, Сасуоло славеше против трите најтрофејни италијански тимови, Јувентус, Милан и Интер и тоа како гостин. Против Јуве славеше со 1:2, против Милан со 1:3, против Интер со 0:2. Со ова тој го повтори успехот на Фиорентина од сезоната 1955/56, на Торино во сезоната 1946/47 и Виченца исто така во таа сезона 1946/47.
