Connect with us

Фудбал

Саудијците преку огласи бараат играчи: Нудат 4.000 евра и куќа за третолигаш, милиони за тренери

За да продолжи да го развива своето фудбалско првенство, Саудиска Арабија на интернет објавува понуди за работа со цел да ги привлече фудбалерите во третата лига, но и да ги засили женските тимови. Клубовите бараат играчи за третолигашот во Саудиска Арабија, а понудената плата изнесува меѓу 3.000 (2.730 евра) и 4.000 (3.650 евра) долари месечно, а фудбалерите ќе добијат и куќа. Овој тип на оглас се почесто се појавува на социјалните мрежи и на платформата FutbolJobs, која е специјализирана за понуди за работа во светот на фудбалот. За да продолжи со својот развој, заливската земја има намера да ја преобликува целата структура на својот фудбалски систем и да се потпре на европските играчи.

„Можевме да изброиме илјадници дневни интеракции, преку е-пошта, социјалните мрежи и Whatsapp, за да побараме информации за оваа конкретна понуда. Во тој момент сфативме дека овој пазар е веќе реалност и дека фудбалскиот свет гледа дека побарувачката е не само за големите ѕвезди“, објаснува Валентин Ботела Николас, извршен директор на FutbolJobs за шпанска Marca. Клубовите нудат дури 5 милиони евра на тренерите, а исклучително успешни беа понудите од пет милиони за тренер во Саудиска Арабија, по што пазарот се отвори и за женскиот фудбал. „Бараме играчи за женските тимови на Саудиска Арабија од 1 и 2 дивизија“, стои во понудата во која не се наведени позиции. „Платата за првата лига беше околу 5.000 долари, а главен услов беше учество на последното Светско првенство. Одговорот беше исто така изненадувачки: 935 кандидати одговорија на понудата“, објасни за Marca генералниот директор на FutbolJobs.