Тајмаут
Се бара да престанат сите спортски натпреварувања во Италија!
Италијанските „спортски власти“ се обидоа да најдат решенија за спортски настани во пресрет на паника од ширењето на коронавирусите во оваа земја.
Различни спортски настани се откажани и повторно закажани неколку пати, пронајдено е привремено решение во организирање настани и натпревари без публика, но КОНИ (италијанскиот олимписки комитет) сега сака да блокира се барем до 3 април.
Претседателот на италијанскиот олимписки комитет Џовани Малаго штотуку повика да бидат прекинати сите спортски активности до 3 април, барање кое се совпаѓа со најновата уредба на италијанската влада. Малаго го даде официјалното соопштение по итен состанок во Рим попладнево.
Во главното обраќање во седиштето на Олимпискиот комитет претседаваа Малаго и генералниот секретар на Италија, Карло Морнати, разговарајќи токму за прашањето: Дали треба да продолжат да се одржуваат спортски настани среде растечката коронавирусна криза – која веќе виртуелно ја замрзна целата земја.
Официјалното соопштение, дадено по состанокот, го потврдува ставот на Малаго дека сите спортски настани, професионални и аматерски, треба да бидат запрени до 3-ти април.
Малаго сега ќе ги информира италијанскиот премиер Џузепе Конте и министерот за спорт Винченцо Спадофоро за неговата позиција.
Доколку го прифатат „апелот“ на Малаго, италијанските власти ќе треба да донесат нова формална одлука со која ќе се поништи онаа што моментно е во сила – дозволени се спортски настани, но без публиката.