Фудбал
Се ближи крајот, легендарниот бек заминува од Реал Мадрид
Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња долго време не е во формата што го красеше во неговите најдобри играчки години и од 2019 година не е прва опција на левата страна на тимот на Реал.
Ситуацијата за Марсело не се промени ниту по доаѓањето на Карло Анчелоти. Марсело сезонава забележа два настапи, по еден во Лигата на шампионите и првенството, па по истекот на договорот дефинитивно ќе го напушти „кралскиот клуб“.
Сепак, Марсело нема да остане во Европа, односно според шпанските медиуми тој ќе се врати во Бразил, а нов клуб најверојатно ќе му биде Флуминенсе од кој во Мадрид пристигна во 2007 година.
По доаѓањето го замени легендарниот Роберто Карлос, а со Реал освои се што може да се освои – пет шпански титули, четири Лига на шампиони, два Купа на кралот, четири шпански суперкупа и исто толку светски клупски првенства. .
За Реал одигра вкупно 530 натпревари и постигна 38 гола со 101 асистенција.