Фото
Се буди носталгија: Фотографијата на Кристијано Роналдо од Олд Трафорд го обиколи целиот свет
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Јувентус вечерва играат големо дерби на Олд Трафорд во рамки на третото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.
Натпреварот на Црвените Ѓаволи и Старата дама вечерва сигурно ќе биде во центарот на вниманието, но најмногу поради Кристијано Роналдо кој се враќа каде што за него сè започна. Навивачите на Јунајтед веќе го поздравија Роналдо на аеродромот и сигурно и тие се подготвуваат за спектакуларен дочек вечерва во Театарот на соништата.
Фудбалерите на Јувентус синоќа го направија последниот тренинг на Олд Трафорд пред натпреварот, а во центарот на вниманието беше Роналдо. Се чинеше дека од неговото лице се гледа дека е многу посебен момент за него, и еден од фотографите направи „страшна“ фотографија.
Роналдо стоеше пред тунелот и го гледаше стадионот на кој се прослави, а зад него се гледа грбот на Јунајтед. Во овој случај, точно е изреката “фотографија зборува илјада зборови”. Не е ни чудо што пробуди носталгија и стана хит на Интернет.
