Connect with us

Фудбал

Се е договорено, Васоски ќе биде нов тренер на Сараево, се поздравил со досегашните клупски колеги од Академија Пандев

Александар Васоски ќе биде нов тренер на босанскиот тим Сараево. Оваа вест ја објавија тамошните медиуми, кои што велат дека во средата некогашниот тренер на Вардар, а сега на Академија Пандев, бил во главниот град на БиХ каде се сретнал со челните луѓе. Иако се уште нема детали, сепак се било договорено, па во наредните денови Васоски ќе биде промовиран во нов тренер на Сараево. Наводно тој попладнево се поздравил со неговите клупски колеги и фудбалерите во Академија Пандев каде им рекол дека заминува за Сараево.