Connect with us

Фудбал

Се е јасно: Реал Мадрид е единствената желба на Мбапе

Екипите на Ливерпул и Манчестер Сити веќе се надвор од борбата за потписот на ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Како што е познато, светскиот шампион летово може да го напушти Париз без пари, откако ќе му истече договорот.

Спорт тврди дека опциите пред Мбапе се стеснуваат, бидејќи Ливерпул и Манчестер Сити веќе се надвор од трката за неговиот потпис. Неговиот трансфер во Барселона исто така нема да се оствари, бидејќи сите три заинтересирани клуба добивале негативен одговор секогаш кога ќе побараат можност да го лечат.

Така, единствената опција која му останува на Мбапе е неговиот трансфер од соништата во Реал Мадрид. Нормално, останува опцијата напаѓачот да го продолжи престојот на „Паркот на принцовите“.

Изданието потсетува дека таткото на Мбапе, Вилфред, го изјави следново во 2017 година:

„Јас сум од Барса, но мојот син Килијан е од Реал Мадрид. Ако сега оди во Барса, никогаш не може да оди да игра за Реал. Ако оди во друг клуб, секогаш може да оди во Мадрид“.

Иако игра со седумкратниот освојувач на Златната топка, Лионел Меси и Нејмар, Мбапе продолжува да мисли само на Реал, иако против нив го постигна победничкиот гол во првата четвртфинална пресметка меѓу двата тима во Лигата на шампионите.