Connect with us

Тајмаут

Се обиде да го заштити момчето: Потегот на Сон пред натпреварот ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Во саботата, Тотенхем одигра реми против Шефилд Јунајтед (1-1) во 12. коло од Премиер лигата.

Лондонскиот клуб успеа да донесе предност од 1-0 во 58-та минута со голот на Сон, но гостите во финишот успеаја да дојдат до реми кога Балдок погоди за конечни 1:1.

Сон се најде во центарот на вниманието, пред да започне натпреварот ја воодушеви англиската јавност со својот потег.

Од самиот почетон на натпреварот во Лондон врнеше, а тој се обиде да го заштити момчето што излезе на теренот со него. Ова е уште еден потег што покажува дека Сон има навистина големо срце.