Connect with us

Фудбал

Се огласи директорката на Њукасл откако дојдоа арапските милиони: Шампиони на Англија, но и на Европа

Навивачите на Њукасл се во делириум, богатиот принц од Саудиска Арабија и неговиот инвестициски фонд, Мохамед бин Салман се нови сопственици на тимот. Веднаш беше презентиран и планот за следните години. Како што вели директорката на тимот, Аманда Стивлеј, за резултати и трофеи потребно е време, инвестиции и трпение, но ветуваат големи успеси.

– Сериозни сме и ја разбираме улогата. Се чувствувам гордо што сум дел од Премиер лигата. Нашата желба е да освојвуваме трофеи, а се надеваме дека во наредните пет години ќе бидеме шампиони на Англија и Европа, изјави таа.

За следната сезона се најавува супер тим, а тренер најверојатно би бил Антонио Конте.