Connect with us

Фудбал

Се огласи фудбалерот на Јувентус заразен со коронавирус

Јувентус синоќа потврди дека нивниот дефанзивец Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус. Поради тоа целиот тим на „Бјанконерите“ е во карантин, а истото го најави и Интер кој во неделата го играше дербито притив нив во Торино.

По повод тоа се огласи самиот Ригани.

-Ги прочитавте вестите и поради тоа одлучив да ги информирам сите оние кои што се грижат за моето здравје дека сум добро. Во овој момент чуствувам обврска да се заблагодарам на докторите и медицинските сестри кои прават огромни напори во болниците да победат во борбата  во оваа ситуација. Апелирам на сите да ги почитуваат правилата, бидејќи вирусот не прави разлики. Да го направиме тоа за нас, за сите оние кои ги сакаме и сите оние во нашето опкружување, напиша Ругани на Инстаграм.