Фудбал
Се огласи легендарниот фудбалер: Кога го видов како плука играч, се прашав, дали е тоа мојот син!
Маркус Турам е суспендиран на шест меча и казнет со 40 илјади евра поради плукање на противник на мечот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм. Неговиот татко, Лилијан Турам, легендарниот француски фудбалер даде неверојатна изјава:
-Нејасно е тоа што се случи. Бев шокиран и се прашав дали навистина е тоа мојот син. Подоцна ми објасни дека бил бесен и дека го навредувал противникот, но дека тоа не го сторил намерно. Плукната му се собрала во устата и морал да ја исфрли, изјави Турам.