Connect with us

Фудбал

Се огласи Серхио Рамос за преговорите со Реал Мадрид, се е лага…

Шпанските медиуми веќе неколку дена се занимаваат со Серхио Рамос односно неговите преговори со Реал Мадрид за продолжување на договорот. Соработката истекува во јуни, па тој како слободен играч може да замине.

„Кралевите“ имаат желба да го задржат, но му нудат едногодишен договор и иста плата, со 10 отсто намалување поради коронакризата. Шпанските медиуми велат дека тој тоа не го прифатил и дека ќе замине во ПСЖ. Сепак, Рамос се огласи и кусо за еден шпански медиум изјави:

-Лага е дека платата ми е 15 милиони евра, лага е дека сум добил некаква понуда уште од март, изјави Рамос.

Дефанзивецот воедно ги демантираше написите во шпанските медиуми дека лично му рекол на претседателот на клубот Перез дека имал понуда од ПСЖ, тим кој сакал да го донесе и Лионел Меси.