Тајмаут
Се опиваше цело лето, а сега се почести и со „ѕвер“ од 250.000 евра, го офарбал во боите на клубот (ФОТО)
Џек Грилиш не престанува да слави! Цела Англија го гледаше како се опива на парадата на Манчестер Сити по повод освојувањето на Лигата на шампионите, а англискиот фудбалер продолжи да слави и во текот на летото. Тој е виден како танцува и пее, а сега веќе подготвен пристигна на стартот од подготовките на Манчестер Сити. Возел ново Ламборџини од 250.000 евра! Станува збор за модел кој оригинално вреди околу 210.000 до 220.000 евра, но тој побарал дополнителна опрема и детали, па автомобилот е во небесно сина боја, бојата на дресовите на Манчестер Сити. Секако, ова не е огромен трошок за Грелиш бидејќи добива 260.000 евра неделно од Сити.