Connect with us

Фудбал

Се опорави: Зидан повторно смета на Азар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар се опорави од повредата на мускулот на ногата и е дел од тимот за натпреварот против Гранада.

Белгијецот се повреди на натпреварот против Алавес на крајот на ноември.

Тоа беше само третиот натпревар што Азар го одигра во Ла Лига оваа сезона, бидејќи претходно отсуствуваше поради повреда и позитивен тест за корона.

„Не му беше лесно емотивно. Но, сега изгледа добро. Треба да бидеме трпеливи, чекор по чекор “, изјави тренерот Зинедин Зидан.

Реал игра против Гранада во среда во 19.45 часот. Кралскиот клуб во моментов е на второто место на табелата, со ист број на бодови како и водечкиот Атлетико.