Тајмаут
Се откажа од кошарката и стана Мис на Италија, објави фотографии од одмор и ги „запали“ социјалните мрежи (ФОТО)
Ако не го знаете одговорот на прашањето која е најубавата кошаркарка на светот, тогаш не е тешко да одговорите на следново: која е најубавата манекенка меѓу поранешните кошаркари? Дефинитивно Италијанката Алис Сабатини професионално се занимавала со кошарка, а потоа сфатила дека може многу повеќе да заработи во друга професија. Алис Сабатини (26) беше прогласена за Мис на Италија во 2015 година, истата година кога играше кошарка. Таа денеска го привлекува вниманието во италијанските медиуми со провокативни фотографии од своите одмори, па „Кориере дело спорт“ во објавата вели дека не се знае дали повеќе „доминирала“ во Тоскана или во Апулија.

