Connect with us

Тајмаут

Се пензионираше пред десет години, но сепак заработува огромни пари

Поминаа повеќе од 10 години откако Томас Гравесен се пензионираше, но тој не престанува да заработува огромни пари.

Гравесен беше исклучително жесток на теренот, познат по својата агресија, што ја избегнуваа противниците.

Денес, кога тој повеќе не е врзан за фудбалот, тој заработува од коцкање. Данецот, наводно, остварил над 100 милиони евра во Лас Вегас во последните години.

Покрај тоа што игра покер и прави милиони, Грејсен во слободно време освојува жени. Тој флертуваше со актерката Кира Игерс, но на крајот реши да се вери со чешката манекенка Камил Персе.

Токму таа го следи на покер масите и е како еден вид амајлија во правењето голем профит со играње во казина.